ПОВИК ЗА НОВИНАРИ
Обука: Процесот на истражувањето – од информација до истражувачка сторија
БИРН Македонија ги повикува сите заинтересирани новинари со најмалку двегодишно работно искуство, да се пријават на обуката за истражувачко новинарство која што ќе се одржи во Берово од 6 до 8 декември.
Оваа обука е организирана во соработка со Амбасадата на САД во Скопје и Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор кој е дел од Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија.
Обуката ќе ја води добитникот на Пулицеровата награда Џон Улман од Минеаполис, САД. Улман во својата кариера бил долгогодишен заменик уредник за истражувачки проекти во „Стар Трибјун“ и има освоено повеќе од 40 награди во областа на новинарството.
Обуката вклучува предавања за техники на интервјуирање при истражување, за истражувачкиот процес, како да се најде и произведе добра истражувачка сторија, етика во известувањето и за други корисни алатки при спроведување истражување.
Во рамките на обуката се предвидени и сесии за користење на Законот за слободен пристап до информации, како и за решавање на проблемите при пишување на апликација за истражувачка сторија.
Заинтересираните новинари е потребно да се се пријават со испраќање на кратка биографија на [email protected] најдоцна до 29 ноември. Сите пријавени ќе бидат известени за исходот на нивната апликација по електронски пат.
Работен јазик на обуката ќе биде англиски.
Бројот на учесниците е ограничен.
Ги очекуваме вашите апликации!